На свечен начин, вчера кај штипската приградска населба Три Чешми беше означен почетокот на изградбата на автопатот Скопје - Свети Николе - Штип, што воедно е и првата автопатска делница во источна Македонија. Со изградбата на автопатот, на речиси 350.000 жители од 20-ина општини од источниот и од југоисточниот регион ќе им се скрати патувањето за 40 километри до Скопје и назад, со што ќе се скратат и трошоците и времето за патување. Премиерот Никола Груевски истакна дека автопатската делница е долга 47 километри, со ширина од 29 метри, со по две коловозни ленти од двете страни и една дополнителна лента за застанување. Вредноста е 206 милиони евра и ќе биде завршена за три години.
На свечен начин, вчера кај штипската приградска населба Три Чешми беше означен почетокот на изградбата на автопатот Скопје - Свети Николе - Штип, што воедно е и првата автопатска делница во источна Македонија.
Со изградбата на автопатот, на речиси 350.000 жители од 20-ина општини од источниот и од југоисточниот регион ќе им се скрати патувањето за 40 километри до Скопје и назад, со што ќе се скратат и трошоците и времето за патување.
Премиерот Никола Груевски истакна дека автопатската делница е долга 47 километри, со ширина од 29 метри, со по две коловозни ленти од двете страни и една дополнителна лента за застанување. Вредноста е 206 милиони евра и ќе биде завршена за три години.
- Уште од 2007 година работевме на реализацијата на овој значаен проект. Откако не беше најден концесионер, според ветувањето, одлучивме да го градиме со сопствени сили. Наидовме на одлично разбираење и соработка со нашите пријатели од Kина, и склучивме поволен аранжман за овој и за автопатот Kичево - Охрид. Заемот е со рок на враќање од 20 години, со грејс-период од пет години и со само два отсто камата на годишно ниво - нагласи Груевски.
Вицепремиерот Владимир Пешевски и министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески нагласија дека автопатот ќе придонесе и за побрз економски развој на источна Македонија и за зголемување на странските инвестиции во овој крај.
Kинескиот амбасадор во Македонија, Чуи Цивеј, нагласи дека ова е прв проект што се реализира во рамките на соработката на Kина со земјите од источна и од централна Европа и истакна оти тоа уште повеќе ќе го зајакне пријателството меѓу Kина и Македонија, кое се надева дека ќе трае засекогаш.
На свеченоста зборуваа и градоначалниците на Штип и на Свети Николе, Илчо Захариев и Зоран Тасев, кои истакнаа дека автопатот е од капитално значење за двата града, како и за сите општини во регионот.